Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

Од:

Во местото Вишњиќево, во близина на српскиот град Шид, се случи трагедија во која животот го загуби С.Ѓ., откако, како што пренесоа српсите медиуми, неговиот син Ј.Ѓ. го претепа, а потоа и го запали.

Според информациите, инцидентот започна по расправија меѓу таткото и синот околу гласна музика.

Според досегашните сознанија, синот пушташе гласна музика, поради што таткото реагираше.

Потоа дојде до физичка пресметка, при што синот го претепа таткото.

Кога С.Ѓ. изгуби свест, Ј.Ѓ. го поли со бензин и го запали.

Соседите забележаа што се случи, се обидеа да го изгаснат пожарот и веднаш повикаа брза помош.

Повредениот маж беше пренесен во болница, а поради сериозноста на повредите, беше згрижен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград.

И покрај напорите на лекарите, С.Ѓ. почина.

Околностите на трагедијата и сите детали за настанот се утврдуваат во рамки на истрагата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Актерите на „Ателје 212“ бараат оставка од Љубиша Ристиќ