Поради големиот бран албански азиланти, албански полицајци на границите на ЕУ

Од:

Во септември албански полицајци ќе бидат распоредени на клучните гранични премини на земјите од Шенген зоната, за да ги контролираат албанските патници.

Ова за тиранскиот весник „Шќиптарја“ го најавил еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Тој искажува загриженост од зголемениот бран азиланти од Албанија и нагласува дека албанските власти треба многу повбеќе да сторат за да го заштитат визниот режим.

Во врска со започнувањето преговори, Хан вели дека нема одреден датум и додава дека интеграцијата е чекорење по автопат со неопределена брзина, каде единствен фактор на влијание се реформите во земјатата кандидат.

Што се однесува во реформите во правосудството и лустрацијата, Комесарот Хан упатува апел до страните да одлучат брзо и со консензус.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек