Поплави во јужна Бугарија

Од:

Две реки се излеаја од своите корита во реонот на градот Димитовград во јужниот дел на Бугарија, а поради поплавите затворен за сообраќај е и граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница, јави БТА.

Локалните власти во Димитровград соопштија дека во текот на минатата ноќ се излеале реките Мартинка и Меричлерска Прељаха, при што се поплавени призените катови и подрумите во делови на градот и во местото Меричлери.

Во соопштението се посочува дека засега нема евакуирани во поплавените подрачја и дека нема опасност по животите на луѓето.

Бугарската царинска управа соопшти дека поради поплавите од ноќеска околу полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време) за сообраќај за лесни и тешки возила времено е затворен граничниот премин „Капитан Андреево“.

Царината информира дека возилата за минување на границата меѓу Бугарија и Турција се пренасочуваат кон локалниот граничен премин „Лесово“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит