Половина милион евра за погреб на Јованка Броз

Од:

Погребот на поранешната прва дама на СФР Југославија во „Куќата на цвеќето“ ќе ја чини Србија повеќе од 500.000 евра, јавува српскиот портал „Информер.рс“.

Јованка Броз, чија здравствена состојба е критична, пред да падне во кома од која вчера се разбуди, изразила желба да биде закопана крај својот сопруг.

Српската влада сè уште нема излезено со јасен став за начинот на кој ќе биде погребана Јованка Броз. Во оптек се неколку опции, од кремирање, до поместување на надгробната плоча во „Куќата на цвеќето“, тешка девет тона, па сè до ископување на ново гробно место во рамките на музејот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска