„Политика“: ЕУ очекува Белград да го продолжи дијалогот со Приштина

Од:

Европската унија и комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан очекуваат Белград да го продолжи дијалогот со Приштина за да се обезбеди нормализација на односите, додека преговорите за поглавлето 35 треба да доведат до сеопфатна нормализација на односите, пишува „Политика“ пренесувајќи го одговорот од кабинетот на Хан.

Оттаму потсетуваат дека „преговорите за поглавјето 35 (кое се однесува на Косово) треба да доведат до сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово во форма на правно обврзувачка спогодба која ќе следи на крајот од преговорите за пристапувањето на Србија кон ЕУ“, се наведува во одговорот што весникот го добил на прашањето дали тоа што Хан му го кажал на српскиот претседател кон крајот на ноември во Белград може да се толкува на начин како тоа во јавноста пред неколку дена го пренесе Томислав Николиќ – дека Србија ќе мора да избира меѓу ЕУ и Косово.

„Србија досега оствари значаен напредок и треба да продолжи со примената на сите спогодби, без одлагање на дијалогот, на конструктивен начин“, се наведува во одговорот и се упатува на тоа што им било кажано на новинарите по средбата меѓу Хан и Николиќ во Белград, наведува „Политика“.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија