Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Од:

Голем број полициски специјалци се пред Палатата на Република Српска во Бања Лука, додека вообичаеното обезбедување е присутно пред Народното собрание.

Претседателот на Република Српска денеска со најблиските соработници го прославува својот роденден во Палатата на Република Српска.

Инаку, за денеска во Народното собрание се закажани две седници. Единствена точка на дневен ред на првата седница е Предлог одлука за пристапување кон донесување на нов устав на Република Српска.

Веднаш по завршувањето на 19-та вонредна седница, веднаш е закажана 20-та вонредна седница, за која беа предложени две точки на дневен ред – Предлог Уставот на Република Српска и Предлог-закон за заштита на уставниот поредок на Република Српска.

За потсетување, Обвинителството на Босна и Херцеговина побара од полициските агенции во таа земја да ги доведат на сослушување Додик и уште двајца највисоки функционери на Република Српска кои одбија доброволно да одговорат на поканата на обвинителството.

Додик, како и премиерот на Република Српска (РС) Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на ентитетот Ненад Стевандиќ, се под истрага поради сомнение дека сториле кривично дело обид за уривање на уставниот поредок на БиХ.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

А1он

Додик: Република Српска се залага за мир, но нема да дозволи конфискација на имотот и јурисдикција

А1он

Додик: Ситуацијата во Српска е стабилна, додека на ниво на БиХ е сложена

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска