Полицијата трага по 30 годишен Русин – осомничен за тројно убиство во Даниловград

Од:

Црногорската полиција трага по рускиот државјанин Михаил Шабунин (30) под сомнение дека денеска изврши тројно убиство во Даниловград, во Црна Гора.

Телата на тројца вработени се пронајдени денеска на стрелиштето „Чешка збројовка“ во Даниловград, Црна Гора.

Се претпоставува дека Шабунин со огнено оружје ги уби Петар Глобаревиќ (24) од Подгорица, Момир Радоњиќ (67) од Даниловград и Немања Капор (20) од Подгорица, пренесува Vijesti.me.

Телата ги пронајде М.Ј., сопственикот на стрелиштето, кој ја извести дежурната служба на Одделението за безбедност во Даниловград.

Полицијата проверува дали Шабунин по убиствата побегна со возило „сеат кордоба“ со регистарски таблички PG AC 472.

Тоа возило е во сопственост на таткото на еден од убиените.

Полицијата интензивно работи на пронаоѓање и апсење на осомничениот.

Сите возила што се движат од правец на Даниловград кон Подгорица се запираат и се контролираат.

Би можело да ве интересира

Aвтобус што превезуваше ученици удри во карпа – тешко повреден е придружникот на патувањето

А1он

Пет земји ставија печат на застојот во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Македонката што прегази куче во Црна Гора осудена на 45 дена затвор

Катерина Ѓуровски

Огнена стихија во БиХ и Црна Гора: Сараево се задушува во густ чад

Горан Наумовски

Полицијата откри дека Шабуњин прво го уби инструкторот, а потоа и двајцата помошници

Горан Наумовски

Се самоуби рускиот државјанин осомничен за тројно убиство во Црна Гора