Почнува хашкиот порцес против Хашим Тачи

Од:

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачисе појавува денеска пред судот во Хаг за наводни воени злосторства.

Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени за време на борбата за независност.

54-годишниот поранешен претседател и поранешен лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) поднесе оставка од функцијата шеф на државата веднаш по подигнувањето на обвинението и се пријави во притворската единица на судот во Хаг. Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на парламентот, се соочуваат со истото обвинение.

Покрај Тачи, во истото обвинение се вклучени и Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Судењето предводено од меѓународни судии и обвинители ќе започне со воведните изјави на обвинителството, по што адвокатите на одбраната и претставникот на Советот на жртвите од војната на Косово ќе зборуваат во следните три дена.

Сите четворица беа обвинети за „заеднички злосторнички потфат во кој беа извршени масовни, систематски напади“ врз српските цивили на Косово и косовските Албанци кои беа политички противници на ОВК.

Неколку илјади луѓе протестираа во неделата во Приштина за поддршка на поранешниот претседател и тројцата сообвинети.

Демонстрантите дојдоа од сите делови на Косово во Приштина и носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше: „Правда, а не политика“ или „Нашата историја не може да се препише“. „Ние сме со нив засекогаш“, рече Мемли Красниќи, шеф на Демократската партија на Косово.

„Воопшто не се сомневаме дека тие ќе се вратат победници, исто како што се вратија како ослободители затоа што се живи херои“, додаде тој.

Во пресрет на почетокот на судењето низ цело Косово се појавија плакати со фотографии од Тачи и поранешниот претседател на парламентот Весели, на кои пишува „Херои на војната и мирот“.

Но, од друга страна има и такви кои се надеваат дека судењето е последна шанса да дознаат што се случило со нивните најблиски.

Специјалниот суд за Косово е формиран во 2015 година и исклучиво се занимава со случаи против поранешни герилци на ОВК. Нејзиното седиште е во Хаг, а судиите и обвинителите се меѓународни. Голем број косовски Албанци сметаат дека судот во Хаг е пристрасен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хашим Тачи се изјасни за невин по сите точки од хашкото обвинение

Тачи повторно ќе се појави пред судот во Хаг

А1он

Хашим Тачи: На Хоти да му се забрани да преговара за Заедницата на српски општини на Косово

Жарко Настоски

Тачи од Приштина ја храбри косовската делегација пред разговорите со Србија во Вашингтон

Жарко Настоски

Хашим Тачи по обвинението за воени злосторства најави обраќање пред граѓаните во недела

А1он

Косовскиот претседател прегледан на Клиниката за урологија поради камен во бубрегот

А1он