Косовскиот претседател прегледан на Клиниката за урологија поради камен во бубрегот

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи е примен денеска на преглед во Клиничкиот и унивезитетски центар на Косово (ЌКУК), поради здравствени проблеми кои не се поврзани со заразата од новиот коронавирус.

Претседателскиот кабинет соопшти дека Тачи е примен на Клиниката за урологија поради проблеми предизвикани од присуство на камења во бубрегот и дека неговата здравствена состојба е стабилна.

По извршените прегледи и третманот против болки, Тачи е пуштен дома и се чувствува добро, соопшти неговиот кабинет.

„По појавувањето на првите проблеми, претседателот Тачи утрово замина во итната служба на ЌКУК и на препорака на лекарскиот персонал е упатен на Клиниката за урологија, каде што ги изврши анализите и добие третман за болките предизвикани од камења во бубрег. Претседателот на Република Косово се заблагодарува на целиот персонал на ЌКУК за искажаната грижа“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он