Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Од:

Во центарот на Крагуевац утринава почна блокада од страна на студентите Тие повеќе од два месеци одржуваат протести на кои се бара одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад.

Митингот во Крагуевац е еден од серијата протести во градовите низ Србија. Тие се предводени од студенти кои блокираат повеќе од 60 факултети во четири универзитетски градови.

Студентите бараат кривична и политичка одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, неколку месеци по официјалното отворање на станицата по тригодишната реконструкција.

Тие бараат и одговорните за нападите врз нив и другите граѓани за време на протестите и акциите за чест на жртвите да бидат кривично гонети.

Барањата на студентите во блокадата ги поддржаа нивните професори, просветни работници, адвокати, земјоделци, актери и други граѓани.

Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети.

Студентите во блокадата порачаа дека Вучиќ не е одговорен за исполнување на нивните барања, дека не се исполнети и дека продолжуваат со протестите.

На 30 декември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица, поради сомнение за невнимание при реконструкцијата на настрешницата.

На 3 февруари Вишото јавно обвинителство во Нови Сад објави дека истражува дали имало корупција при реконструкцијата на Железничката станица.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања