Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

Од:

Како што јави репортерката N1 од БиХ која се наоѓа во Јабланица, вчера во селото Злате починала бремена жена откако врз неа паднало дрво.

Големи штети се забележани и во селата Глогошница и Шабанчиќи, но за среќа луѓето успеале да се спасат и во текот на ноќта нашле безбедно сместување.

По поплавите што ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во Јабланица, каде што најголем број се урнати објекти и објекти под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, а новинарката на ТВ БХТ 1 Драгана Кусмук Станишиќ вели дека тие местата се непрепознатливи.

Можевме да видиме само дрвја и вода, кал, се што лебди на површината на водата, можевме да видиме загрижени жители“, изјави таа за Танјуг и додаде дека веќе се започнати хуманитарни акции за помош на загрозените.

Таа наведува дека според последните неофицијални податоци само на територијата на Јабланица се водат за исчезнати 48 лица, додека официјалните податоци велат дека по поројните поплави и свлечиштата кај Јабланица, Кониќ, Крешево и Кисељак, потврдена е смртта на 19 лица, се бараат уште многу.

Сообраќајот се уште е во прекин на патните правци кои водат од Јабланица кон Мостар и Блидиње поради големите поплави и одрони.

Синоќа беше овозможен сообраќајот по една коловозна лента на магистралниот пат Јабланица – Прозор.

Во моментов на делницата од Коњиќ до Јабланица можат да возат само возила на итната служба. Алтернативни насоки се: Сараево – Нови Травник – Ростово – Бугојно – Купес – Томиславград – Пошушје – Мостар или Сараево – Фоча – Тјентиште – Гацко – Мостар.

Вода и кал има на патниот правец Коњиќ – Борци – Руиште, но можат да возат патнички, комби и теренски возила.

На патиштата во месноста Кисељак (кон Крешево, Фојница и Сараево) сообраќајот се одвива отежнато, со оглед на тоа што се уште има вода и кал, но е проодно.

Би можело да ве интересира

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ