Почина Борис Комнениќ, познатиот српски актер ја изгуби битката со тешката болест

Од:

Српскиот актер Борис Комнениќ почина на 64-годишна возраст, јавуваат тамошните медиуми.

На социјалните мрежи актерите и блиските се простуваат од легендарниот Саша Попадиќ од „Бољи живот“, улога која го прослави на ТВ екраните.

Безживотното тело на Комнениќ било најдено во неговиот стан во Нов Белград, а медиумите објавуваат дека се борел со тешка болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Milša (@milicamilsaisakovic)

И покрај болеста, тој глумел до самиот крај. Неговите колеги откриваат дека пред помалку од еден месец, Комнениќ ја снимил својата последна сцена.

Првенецот во Народниот театар во Белград, е роден на 29 март 1957 година во Пула, но со семјството во раната младост се преселил во Белград.

По гимназијата, која ја завршил во родниот град, се запишал на Факултетот за драмски уметности, а станал член на Народниот театар во Белград во 1984 година.

Тој работел и како водител на телевизиски квиз, а зад себе има еден брак од кој ја добил ќерката Ника.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски