Почеток на демонтирање на титоизмот во Хрватска

Од:

Независне новине – Бања лука

Од перспектива на БиХ, земја која е среќна ако по една година од избори воопшто основа власт, Хрватска може да се смета за благословена држава. Членка на НАТО и ЕУ во која главен предмет на расправа е дали треба бистата на Јосип Броз Тито и понатаму да стои во кабинетот на претседателката, делува како земја на слатки грижи. Но, работата не е толку едноставна.

Во шеста година од кризата, со власт која очигледно е неспособна за какви било посериозни реформи и опозиција, која за сега кадровски и програмски не нуди ништо, се чини дека во Хрватска потенцирањето на историските и идеолошките дилеми се компензира со немање на вистинска разлика на власта и опозицијата во економските и социјалните програми. Имено, невозможно е и да се замисли жестока расправа на некој министер и политичар од опозицијата на теми како потреба од девалвација на валутата, даночна реформа, административно преуредување во земјата или стратегија за поттикнување на инвестиции. Но, околу Тито, се уште се крева прашина.

Во таа смисла историско-идеолошките теми во дел служат како одвлекување на вниманието на јавноста, во смисла на таа: Леб и игри, каде немањето на леб се компензира со потенцирање на игрите, што главно оди во корист на владејачката гарнитура. Резултатите им се катастрофални, па ваквото заострување на идеолошката расправа и одвлекување на вниманието од економската и социјалната состојба во земјата, овозможува барем да ги мобилизираат своите околу Тито, кога веќе не можат околу стопанскиот раст и намалување на невработеноста.

Од друга страна, не треба да се потцени таа тема, бидејќи без расветлување на минатото неможно е земјата да се постави на здрави темели. Титоизмот е тема која од почетокот во Хрватска е бутната под тепих. ХДЗ, кој го водеше основањето и одбраната на државата, основан е како широко движење, а не како идеолошки профилирана партија. Голем дел од поранешните членови на Сојузот на комунисти се прелија во 1990 година во новата владејачка партија, која се до неодамна беше погрешно да се нарече десна партија, бидејќи до почеток на идеолошкото профилирање на ХДЗ доаѓа дури по губењето на власта од пред три години. Во 90-тите, на линија на Туѓмановата политика на помирување, ХДЗ ги спојуваше во нормални околности неспоиви како старите удбаши и хрватските емигранти кои истите тие новопечени партиски колеги неколку години порано ги прогонуваа по странство.

Тогаш тој вид на помирување беше потребен во борбата за создавање и одбрана на државата, а по 2000 година, на патот за ЕУ под Санадер, ХДЗ главно беше политички без содржина, исполнувач на бриселските домашни задачи и популистички полигон за освојување и држење на власта на гарнитура која подоцна заврши во затвор. Сега пристапниот пат заврши и европскиот сон, цинично кажано е остварен, заврши и политичката вонредна состојба која во Хрватска трае од 1990 година и почна наводно нормално профилирање на политичката сцена. Некои теми притоа доаѓаат во прв план, меѓу другото и таа дали бистата на доживотниот претседател на Југославија треба да стои во кабинетот на демократски избраната претседателка на Хрватска.

Со две резолуции на европскиот парламент, една која ги осудува злосторствата на комунистичкиот режим и друга која повикува на демонтажа на тоталитарното наследство, што 25 години по падот на тоталитаризмот има повеќе симболично значење, покажува дека Хрватска има и тоа како вистински потреби за расчистување на тие работи. Случајот Перковиќ покажа колку старите удбашки структури и ден денес се силни во Хрватска.

Земјата пред година ипол беше турната на раб на санкции и подложена на тешка бламажа кога Собранието, последниот ден пред влезот во ЕУ, изгласа закон кој е наречен Лекс Перковиќ, со кој се ограничува примената на европскиот налог за апсење, само за да се спречи испорачување на удбаши осомничени за организирање на убиства на политички емигранти во Германија.

Фасцинантно беше да се види како истите луѓе кои со години беа поклонети кон секој треторазреден дипломат кој од Брисел доаѓаше со домашни задачи, одеднаш станаа луѓе суверенисти кои покажуваат заби на Брисел и Берлин, но не за да изборат некој национален интерес, туку да го заштитат стариот удбаш осомничен за тешко убиство на странско тло. Истовремено, на чело на јавната телевизија го поставија поранешниот лидер на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија и примач на штафетата која е на чело на истата куќа, која тогаш се викаше Телевизија Загреб, беше во 80-тите годиин, додека режимот убиваше луѓе во странство, а во татковината праќаше луѓе во затвор за мисли, вицеви или песни. При сето тоа, речиси трагикомично, како некој Трет пат меѓу излитениот ХДЗ и СДП на јавноста се нудат типови кои пред 30 години биле лидери на републичката социјалистичка младина.

Сето тоа покажува колку е потребно конечно да се расчисти со наследството на тоталитаризмот во Хрватска. Структурите кои во 80-тите не ги интересираа ни Југославија ни комунизмот туку исклучиво моќта, па без проблеми во 90-тите зајаваа нови ветрови, а подоцна уште понови европски, либерално леви и човечкоправни, уште држат премрежна политика, медиумите, судството, граѓанската сцена. Лустрацијата во Хрватска не само што не е спроведена, туку од неодамна беше табуизирана. Се чинеше дека лустрацијата симболично е важна, но по Лекс Перковиќ и буквално кадровското враќање на ликовите од 80-тите, покажува дека таа и тоа како е стварна и потребна, бидејќи без демонтирање на стариот октопод институциите а последователно ни економијата во Хрватска не можат да почнат да дишат и без што нема да дишат. Се зборува за капитализмот во Хрватска кој наводно настапи во 1990 година, но тој во права смисла, како ни слободниот пазар, тука сеуште не е дојден. Јавна тајна е дека ништо поголемо од фризерски салони и ќебапчилници не може да работи и да опстане без политички грб. Администрацијата и ден денес е толку комлицирана и бавна, од локално до државно ниво, што било какво инвестирање секогаш може да се закочи ако нема подмачкувања и политички благослов.

Уште попогубен од кадрите е преживеаниот менталитет, кој се рефлектираше во речиси сите партии кои функционираат по принцип на малите комунистички партии: беспоговорно послушништво кон повисоките и газење на пониските. Недостигот на дијалог, чувството за плурализам, свеста дека различното мислење не мора веднаш да значи непријателство. Тито делуваше како врховен означител на таков систем на вредностите и добро е симболички да се тргне. Титоистите денес го бранат користејќи два вида на аргументи, кои целосно се во колизија со нивната вообичаена приказна и декларирањето на вредностите. Првиот е дека Тито не треба да се пипка бидејќи на Хрватска и ги вратил Истра, Далмација, Меѓумурје.

Пишував претходно дека тој аргумент е од устата на титоистите кои го изнесуваат неочекувано националистички и може да се преведе вака: Тито беше добар бидејќи ги протера Германците и Италијанците, бидејќи ни овозможи да се подигнеме над тие кои со векови не нарекуваа ниска раса, убаво да им го искрадеме нивниот имот, да ги заземеме нивните фабрики и градови. Тито според нив излегува некој голем борец за Хрватска и нејзините западни граници. Всушност, Тито тие краишта не ги приклучи на самостојна Хрватска, туку на Југославија. Освен тоа, поисправно би било да се каже дека ни ги даде другарот Сталин, геостратешки обидувајќи се да стигне што позападно. Освен тоа, при таква националистичка валоризација на Тито што Хрватите никогаш не го спомнуваат она што го исклучил од Хрватска. Што е со историските и етничките хрватски краеви кои со авојските граници ги исклучи од Хрватска, а кои пред војната беа во нејзин состав?

Хрватската титоистичка левица, во очајнички обид за одбрана на маршалот одеднаш се повикува на Туѓман како на врховен авторитет па велат – Титовата биста не треба да се пипка бидејќи не ја рушеше ни Туѓман на кој денешната ХДЗ повторно се повикува. Но, ни најголемите почитувачи не тврдат дека Туѓман беше апсолутно непогрешлив, ниту дека имал свои генерациски и контекстуални ограничувања, па и во поглед на сопствената комунистичка младост и на Тито.

Освен тоа, на почетокот на 90-тите главно обвинение кое е во меѓународната заедница висеше над создавањето на хрватската држава беше дека постојат обиди да се обнови НДХ, па пресметката со титоизмот во тоа време најверојатно би била погрешно интерпретирана како вода на таа воденица. Хрватска денес е зрела до крај да се пресмета со титоизмот и тоталитарното наследство, без страв дека нишалото, поради некоја наментата рамнотежа, ќе отиде на друга страна. Да се бранат масовни злосторства, еднопартиски систем, казамати, вербален деликт, култ на личност каде по живо лице се нарекуваа градови, а подоцна ликот и делото му се бранеа со посебен закон, денес е примерно за Северна Кореа, а не на демократска европска држава. Преселувањето на бистата на Броз од кабинетот на претседателката во музеј во Кумровец, е добар чекор во 2015 година, бидејќи можеме слободно да кажеме ние сме антитоталитаристи. Не ни треба оставнина од расни закони, масовни злосторства и државност поврзана за губитнички проекти како НДХ, но ни титоизмот. Во БиХ се чини дека таа точка се уште е далеку. Власта се уште не е основана, а во сето тоа клучен фактор е Жељко Комшиќ кој на ѕидот на узурпираниот кабинет како хрватски член на Претседателството со години една до друга ги држеше сликите на Тито и Блаж Краљевиќ. Зад таква перспектива, за пристојниот граѓански меинстрим во Хрватска кој ги осудува двата тоталитаризми, се чини како ветена земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски