По посетата на Курти, од Србија порака за Босна и Херцеговина: Повеќе не барајте поддршка за територијалниот интегритет

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, им порача на членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ, дека откако ќе го примат Албин Курти, премиерот на Косово, во иднина да не бараат од Србија какви било прашања во врска со поддршката на БиХ и нејзиниот територијален интегритет.

Ѓуриќ рече дека одлуката на Беќировиќ и Комшиќ да го примат Албин Курти ја нарушува „основата на односите меѓу Србија и Босна и Херцеговина и може да произведе непоправливи последици за билатералните односи“.

Тој изјави дека оваа одлука е спротивна на внатрешната организација на Босна и Херцеговина, карактерот и природата на добрососедските односи меѓу Србија и Босна и Херцеговина и дека е длабоко спротивно на принципите на добрососедство и меѓусебно почитување меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

„Спротивно на Србија, која никогаш не го доведе во прашање територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина ниту со збор ниту со дело, официјално Сараево покажа дека не го признава територијалниот интегритет на својот најблизок сосед“, рече Ѓуриќ.

Курти, кој пристигна во Сараево, се сретна со Комшиќ и Беќировиќ, а планирани се средби и со членови на Советот на министри и на Владата на ФБиХ, како и со претставници на СДА и Партијата за БиХ.

Би можело да ве интересира

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме