По изборите ЕУ се надева на почеток на преговори со Албанија што поскоро

Од:

Европската унија повика наводните нерегуларности од изборите во Албанија да се процесуираат и се надева дека земјата ќе ја одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, врз основа на наодите на ОБСЕ/ОДИХР го поздравија одржувањето на парламентарните избори во Албанија оценети како добро организирани.

Пријавени се нерегуларности од страна на некои набљудувачи како злоупотреба на државни ресурси и функции од страна на припадници на владејачката партија.

-Ги охрабруваме сите страни инволвирани во пребројувањето да работат брзо и во согласност со воспоставените процедури, повикаа Вархеји и Борел во име на ЕУ.

Сите нерегуларности треба да бидат процесуирани и предмет на истрага, вклучително и наводите за купување на гласови, додава Брисел.

-Албанија изоде долг пат кон ЕУ, покажувајќи истрајност во исполнувањето на тешки реформи во интерес на албанскиот народ. Периодот на транзиција до инаугурацијата на новиот парламент не треба да ги попречи постојаните напори за спроведување на потребните реформи. Сакаме да ја видиме земјата во следната фаза на процесот на пристапување, со одржувањето на првата Меѓувладина конференција што е можно поскоро, нагласија Борел и Вархеји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана