По хакерските напади Албанија ќе потроши 2,8 милиони евра за модернизација на серверите на албанскиот систем

Од:

Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојано објавувањето мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем.

-По овој сериозен преседан кога беше нападната платформата e-Albania и системот TIMS каде што сите лични и државни податоци станаа јавни, Националната агенција за информатичко општество, АКШИ, која го контролира албанскиот кибер систем, започна со проект за модернизација на компјутерската опрема. Во моментов, инфраструктурата покажува одредени проблеми, кои треба да се решат што поскоро, се наведува во документот на агенцијата, јави Ора њуз.

За таа цел планирани се средства во износ од 333.007.428 лека или 2,8 милиони евра со надеж за модернизирање на албанскиот кибер-систем кој веќе е „заразен“ од ирански хакери.

-Иранската група „Татковинска правда“ ги растури владините кибер-системи, додека според АКШИ, целта на инвестицијата е да се зголеми безбедноста во различни сегменти на инфраструктурата и владината мрежа со замена на постоечката со нова опрема во согласност со потребните технички спецификации како и имплементирање на некои дополнителни компоненти во областа на безбедноста како што се „Мулти-фактор“ решенија за корисници со високи или специфични привилегии, наведува телевизијата.

Тендерската постапка е отворена вчера, 15 ноември, а компаниите кои ќе може да конкурираат до 10 идниот месец. По завршувањето на едномесечниот рок и затворањето на постапката за прогласување на победникот, се очекува на почетокот на 2023 година АКШИ да започне со замена на стариот со нов сајбер-систем.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хакери ја нападнале фирмата „Пристаниште Риека“, украле голем број доверливи информации

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици