Плеврис: Комбинацијата грип и Ковид-19 може да создаде притисок врз здравствениот систем

Од:

Порастот на случаи на грип во комбинација со случаите на Ковид-19, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, создава загриженост дека може да се создаде притисок врз здравствениот систем, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека грипот е во пораст и затоа заедно со експертите ја разгледуваат коегзистенцијата на грипот и коронавирусот и „постои поголема загриженост дека може да постои притисок врз здравствениот систем“.

Објасни дека во изминатите години со мерките за Ковид-19 како што е употребата на маска, беше ограничено и ширењето на грипот, а веќе се во разговори со компаниите за вакцините против грип да пристигнат порано.

Во однос на ажурираните вакцини против Ковид-19 што ќе заштитуваат и од варијантата Омикрон, истакна дека очекуваат да пристигнат во следните седмици.

Говорејќи за пандемијата уште еднаш повтори дека сега засега не е потребно да се преземат никакви мерки, а за почетокот на учебната година, следниот понеделник, потенцираше дека и училиштата треба да се вратат во нормала, без задолжителна употреба на маска и без тестови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела