Пленковиќ: Србија e на работ на граѓанска војна

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ предупреди на Стратешкиот форум во Блед за „суровата политичка реалност“ на Западен Балкан, нагласувајќи дека Србија е на работ на граѓанска војна.

„Србија е на работ на граѓанска војна“, рече премиерот Андреј Пленковиќ на панел-дискусија со премиерите на Словенија, Албанија и Црна Гора, објави N1.

Темата на панелот беше понатамошно проширување на Европската Унија.

„Ја имате Северна Македонија, која е блокирана. Ја имате Србија, со повеќе од две години најголеми, најсилни и најсериозни внатрешни немири и демонстрации, на работ на граѓанска војна“, почна да набројува хрватскиот премиер.

„Ја имате Босна и Херцеговина, со Додик кој со години го влече одвојувањето или неодвојувањето, и бум, тој е надвор. Ја имате Бањска, која помина во 2023 година без никаква сериозна забелешка или артикулација од никого во ЕУ, се преправаме дека не се случило. Тоа е реалноста“, рече тој.

„Мораме да бидеме навистина трезвени во врска со проширувањето и променливиот глобален контекст. Јас сум за проширувањето, мислам дека сите се обидуваат да се приклучат, но треба политички да се стабилизираат“, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски

Студентска листа најави референдум за влезот на Србија во ЕУ

ВИДЕО: Загина пилот на Војската на Србија во пад на МиГ-29 кај Стара Пазова

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нова политичка ера во Србија: конституирање на Парламентот со мнозинство од Студентската листа