ПКК се заканува со војна, доколку не успеат преговорите

Од:

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) можат повторно да се вратат во Турција, доколку процесот на мирно решавање на курдското прашање не вроди со плод, изјави во Ирак лидерот на политичкото крило на ПКК, Сојузот на курдските општини, Џемил Бајак. 


Според Бајак турската Влада на Партијата на правдата и развојот несериозно и дволично се однесува кон прашањето за мирно решавање на курдското прашање и се плаши од демократијата. 


– Се надеваме дека мировниот процес нема да биде нарушен. Но доколку Партијата на правдата и развојот продолжи да дејствува на овој начин, формациите кои си замина од југот, повторно ќе се врата на северот. Тогаш  почетокот на една голема војна може да стане реалност. Се надевам дека тоа нема да се случи, нагласи Бајак. 


Турските власти од декември водат преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна на островот Имрали, за мирно решавање на курдскиот конфликт. 


Во март курдските бунтовници објавија прекин на огнот и во мај почнаа да се повлекуваат од турска територија. Според најоптимистичките прогнози бунтовниците од ПКК Турција треба да ја напуштат до октомври.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски