Петта жртва од коронавирусот во Грција, потврдени вкупно 387 случаи

Од:

Уште едно лице во Грција го загуби животот од Ковид-19, што воедно е и петтата жртва на коронавирусот кај јужниот сосед, додека пак во изминатите 24 часа регистрирани се 35 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 387, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на попладневната редовна прес конференција ги соопшти последните податоци: од вкупниот број случаи, повеќето се во Атина, 60 се од неодреден извор, анализирани се 4900 примероци, хоспитализирани се 70 лица, од кои 11 (мажи, на просечна возраст 69 години) се поврзани на апарати во болниците во Атина, Патра и Солун, додека пак 14 се пуштени од болница.

Во однос на починатите, Циодрас рече дека сите се мажи кои имале здравствени проблеми, а нивната просечна возраст е 68 години.

-За секои пет пациенти кои што се критично болни, хоспитализирани на интензивна нега, зад нив се други 95, кои во 85 отсто од случаите имаат лесен облик на болеста, а 10-15 проценти од случаите среден кон сериозен облик на болеста, објасни епидемиологот.

Паралелно, Циодрас соопшти дека се одложуваат сите редовни операции во приватните болници во Грција.

Би можело да ве интересира

Исчезна 16-годишно девојче од Атина, последен пат е видена во неделата

Турист од САД е пронајден мртов на остров во близина на Крф, во Грција исчезнаа уште тројца туристи

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Грција: Четворица загинаа во автобуска несреќа, тројца се повредени

(ВИДЕО) Оружен инцидент во супермаркет во Грција, едно лице загина, а друго е повредено

Горан Наумовски

Поради високите температури на Грците им е забрането да работат надвор: Казни од 2.000 евра

Исчезна Американец на грчки остров, по туристот е организирана голема потрага