Петков: Со „Демократска Бугарија“ и „Исправи се БГ.Доаѓаме“ ќе потпишеме предизборен договор

Од:

Поранешниот технички министер за економија, Кирил Петков, кој со својот колега од Мнистерството за финансии во привремената бугарска Влада, Асен Василев, се лидери на ноформираната партија „Промената продолжува“ денеска коментираше дека нивните први партнери за претстојните парламентарни избори во земјата, закажани за 14 ноември, се „Демократска Бугарија“ и „Исправи се БГ! Доаѓаме”.

Според дописникот на МИА од Софија, Петков изјави дека тие со двете партии имаат најјасни визии за заедничко дејствување и имаат намера да потпишат заеднички документ, што по парламентарните избори во Бугарија ќе стане коалиција. Целта е на бугарскиот народ да му се покаже дека следната влада ќе биде коалициска.

Документот ќе се вика „Принципи на идното владеење“, во кој ќе се стават сите важни принципи за нив: да нема зголемување на даноците, да се смени главниот обвинител на Бугарија, здравјето и образованието да бидат врвни приоритети….

Целта е тие што гласаат за една од овие три партии да не се прашуваат што ќе прават по парламентарните избори во Бугарија. Петков додаде дека трите партии во суштина ќе учествуваат на изборите во форма на коалиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит