Пет работници повредени при уривање на дел од недоизградена железничка станица во Турција

Од:

Петмина работници, од кои едниот потешко, се повредени денеска во Турција при делумно уривање на железничка станица во изградба на пругата за брзи возови што ќе ги поврзува Истанбул и Анкара.

Турските медиуми објавија дека при излевање на бетон врз градбата, двокатната постројка на станицата во Арифие делумно се урнала.

Отворањето на оваа брза железничка линија, кое е одложувано веќе неколкупати, е планирано за следниот месец.

Со пуштање во употреба на брзиот воз, растојанието од 550 километри меѓу Истанбул и Анкара ќе се минува за три часа, наместо сегашните осум часа. Возот ќе се движи со максимална брзина од 250 километри на час.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски