Павичевиќ: Избори за подобар живот на Србите

Од:

Офицерот за врска во Приштина, Дејан Павичеиќ изрази загриженост дека доколку Србите од Косово не излезат на изборите, ќе биде загрозен договорот и европскиот пат на Србија.

Со учество на изборите како што рече тој, тие би можеле да издејствуваат подобра положба и достоен живот, а и меѓународната заедница повеќе не би ги гледала како паралелни структури, туку како легални и легитимни претставници на народот.

Во изјавата за „Танјуг“, Павичевиќ изрази надеж дека Србите од целата територија на Косово и Метохија ќе го послушаат советот од Белград.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ, потсети дека од почеток на август истекува рокот за пријава на избирачките листи за локалните избори на Косово и дека доколку не се најде конструктивен пристап по тоа прашање, може да пропадне не само бриселскиот договор, туку и европскиот пат на Србија.

-Се надевам дека Срби од цело Косово ќе го исполнат она што владата на Србија им го вели и дека сите заедно и обединето ќе работиме за да стасаме до целта која што си ја поставивме – нагласи Павичевиќ.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија