Папајоану: ЕУ перспективата на Западен Балкан е и останува стратешка цел на Грција

Од:

Стратешки приоритет и стратешка цел за Грција е и останува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Потенцираше дека за нив, би била загрижувачка „било која друга перспектива што ќе излегува од рамката на солунската агенда од 2003 година“, бидејќи остануваат цврсто на нивната „стратегија за целосна интеграција на Западен Балкан“, а ова за Атина е пат во една насока.

– Не е тактика, туку е стратешка цел и останува стратешка цел. Не знам како поинаку да ја истакнам важноста што ја даваме на овој регион, бидејќи стабилноста на регионот е во интерес и на Западен Балкан, но секако и на Грција, објасни Папајоану.

Додаде дека според него, добивката како за Грција, така и за земјите од Западен Балкан целосно да се интегрираат во Европската унија е нешто што се подразбира и треба „сите земји треба да продолжиме да работиме во оваа насока“.

Говорејќи за програмата на шефот на грчката дипломатија во следните денови, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, соопшти дека во вторник, Никос Дендиас ќе присуствува на средбата на Кирјакос Мицотакис со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, кој ќе биде во официјална посета на Грција.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина