Паника во Албанија, се продава месо кое предизвикува импотенција

Од:

Во Албанија се продава месо со хормони кои предизвикуваат импотенција, оваа вест, деновиве преку албанските медиуми предизвика паника.

Опасен хормон, познат под името Boldemec слободно циркулира на албанскиот пазар, пренесе Дневник.

Овој продукт кој е забранет во земјите од ЕУ повеќе од една деценија е хормон кого го користат фармерите и се продава и се бара во албанските аптеки, пренесува порталот Албеу.

По претходните објавени материјали од медиумите деновиве беа презентирани нови докази за месото од добиток во чиј раст се користеле хормони. Добитокот не е прегледан од ветеринар, а се продавало како био продукт.

Граѓаните го конзумирале , несвесни дека ваквото месо е штетно за нивниот организам.

“Стероидот, хормонот Boldemec предизивкува зголемување на нивото на естрогенот. Хормонот во овој случај предизивкува зголемување на телесната тежина, зголемување на силата а има последици и по репродуктивното здравје. Стероидот предизивкува импотенција но и пад на реподктивната способност, односно фертилитет кај мажите. Кај жените нема последици по фертилитетот(плодноста). Присуството на овој естроген директно влијае врз сексуалната активност кај мажите“, изјавил за весникот доктор Еви Дани, андролог.

Ваквата вест, албанските медиуми предупредуваат да се земе со голема сериозност и од страна на Косово и Македонија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски