Пахор e против промена на границите и бара брза интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Од:

Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска ја отфрли идејата за промена на границите на државите од поранешна СФРЈ и истакна дека го поддржува проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

Пахор на прес-конференцијата рече дека не знае за нон-пејперот и дека за тоа не разговарал со премиерот Јанез Јанша.

– Ја бранам тезата дека би било најдобро ЕУ да одлучи да ги вклучи сите земји од Западен Балкан во Унијата, рече Пахор. Тој оцени дека проширувањето на ЕУ станува прашање на време, а не само политичка волја.

– Бавното темпо на проширување ја топи довербата во европската перспектива во овие земји, а последиците може да бидат зајакнување на национализмот и зголемување на влијанието на третите земји, рече Пахор, пренесува словенечкиот портал 24ур. Тој истакна дека проширувањето ќе спречи појава на опасни идеи за промена на границите, на што, како што потенцираше, силно се спротивставува.

Како претседател на Републиката, јас ја посетив БиХ седум пати. За време на последната посета, ниту пред ниту после, не бев запознаен со никакви неофицијални документи. Јас силно се спротивставувам на идејата за конечно распаѓање на Југославија и промена на границите, рече словенечкиот претседател.

Според него, мирен процес на промена на границите на Западен Балкан не е можен.

– Брзиот процес на интеграција на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските организации ќе го зајакне принципот на територијалниот интегритет на земјите и безбедноста и стабилноста на цела Европа, рече Пахор. – Овие, предупреди тој, се многу чувствителни прашања.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија