Отворена „Куќата на листовите“, некогашна база за прислушување на Сигурими

Од:

Во Тирана денеска е отворена за јавност „Куќата на листовите“, објект кој во комунистичкиот период бил користен за прислушување од тогашната тајна служба Сигурими.

Министерката за култура Мирела Кумбаро на свечеснота изјави дека „овој музеј е сведок на историјата на Албанија“.

– Ова е музеј на уникатните прислушувања во Европа, додаде Кумбаро.

Според албанскиот премиер Еди Рама, овој објект бил опремен со најсофистицирана опрема за тој временски период, бидејќи тогашниот режим не штедел средства за вакви нешта.

Рама пред присутните на свеченоста најави дека дел од проектите на Владата е и отворањето на досиејата од тој период.

– Дел од нашите проекти ќе биде и отворање на досиејата, за што до Парламентот набрзо ќе доставиме предлог-закон, кој во основа го има германскиот модел, што ќе овозможи да се соочиме со минатото кое посакуваме никогаш да не се повтори. Во тој период само Енвер Хоџа не бил прислушуван, другите речиси сите биле ставени на списокот на сомнителни, прогонувани, малтретирани, а илјадници и убивани, изјавил Рама.

Некогашната база за прислушување на Сигурими, а сега музеј, се наоѓа блиску до центарот на Тирана спроти православната катедрала.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент