Отворен центар за регистрација на бегалци на Лезбос

Од:

На грчкиот остров Лезбос денеска е отворен првиот прифатно-регистрациски центар за мигранти и бегалци во Грција каде тие ќе може да се регистрираат, но и да побараат азил.

Центарот гопосетија европскиот комесар за миграции Димитрис Аврамопулос, министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн и грчкиот министер за миграции Јанис Музалас.

Аврамопулос рече дека работата на првиот таков центар ќе означува дека во целост се применува планот на ЕУ за идентификација и регистрација на бегалци.

– Тоа е важен почеток, но се уште има долг пат за да се отворат такви центри на други места, да се почне со релокација и да се подобри враќањето на илегалните мигранти, рече тој.

Аврамопулос и Аселборн истакнаа дека бегалците мора да почитуваат процедури на ЕУ според кои треба да побараат азил веднаш по доаѓањето во Грција. Лезбос е за стотици илјади бегалци од Блискиот исток прва влезна точка во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија