Ослободени турските заложници, кои беа заробени во северен Ирак

Од:

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека 49-те турски заложници, кои беа заробени од вооружени борци на групацијата „Исламска држава“ во северниот ирачки град Мосул во јуни, безбедно се вратени во Турција од разузнавачката служба на земјата.

Заложниците, меѓу кои генералниот конзул на Турција, дипломати, војници и нивни деца, беа заробени во Генералниот конзулат на Турција на 11 јуни.

Давутоглу истакна дека заложниците ќе бидат одведнеи во јужниот турски град Шанлурфа.

– Ослободувањето на 49-те турски заложници, заробени од вооружени борци на ИД во Мосул во јуни е дел од претходно планирана операција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски