Орешковиќ: Мигрантите веќе нема да минуваат по Балканската рута

Од:

Мигрантите веќе нема да минуваат по Балканската рута, изјави денеска во Загреб хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ, истакнувајќи дека тоа е јасната порака од официјалниот документ договорен во Брисел.

Тоа, кажа Орешковиќ, беше ставот на Хрватска и Словенија на самитот на ЕУ и Турција во понеделникот. Потоа Словенија ги активира шенгенските правила, што значи дека некој кој не бара азил, нема да може да мине низ Словенија.

Тоа создаде домино ефект, ние тоа истото го воведовме, а тоа го воведе и Србија. Денеска сме на нула, со 3.200 мигранти, што  мислам дека е позитивен резултат за Хрватска и за нашите соседи.

Орешковиќ му заблагодари на министерот за вантрешни работи Влахо Орепиќ за добрата комуникација и координација, така што, како што кажа, ситуацијата е многу позитивна за Хрватска и за соседите.

Запрашан дали затворањето на Балканската рута всушност значи отворена опасност од шверцување луѓе, Орешковиќ изјави дека надлежното министерство е во постојан контакт со Претседателството на БиХ, Србија и Македонија, за да знаат што се случува на теренот и за да, доколку нешто се случи, да можат да реагираат.

Орешковиќ додаде дека Хрватска, како и ЕУ, ќе продлжи да и дава поддршка на Македонија на нејзините граници.

-Треба да им се пружи помош и на Македонија и на Грција. Ќе се активира и Турција, веќе се активираше и НАТО. Криминалните елементи ќе се затворат или намалат, па нема да гледаме маса на илегални имигрантсд/и кои ќе ги пробиваат границите, рече Орешковиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски