Орешковиќ: Доколку Австрија го зајакне надзорот, ќе ја следат и останатите

Од:

Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ изјави синоќа во Брисел дека доколку Австрија го зајакне надзорот и го намали бројот на влез на мигрантите, тогаш тоа ќе го стори и Словенија, а по неа и Хрватска, Србија и Македонија, јави Хина.

– Никој во Европа нема да ги затвори границите, туку малку ќе се зајакне контролата. Ако Австрија го зајакне надзорот и го намали влегувањето, тогаш тоа ќе го направи Словенија, а потоа и Хрватска, Србија и Македонија, рече Орешковиќ по работната вечера на лидерот на т.н. балканска рута.

Орешковиќ изјави дека со српскиот претседател Томислав Николиќ и словенечкиот премиер Миро Церар се договорил за соработка, доколку дојде до промени.

– Хрватска го поддржува предлогот на словенечкиот премиер да се зајакнат ресурсите на македонско-грчката граница, таму веќе се испратени хрватски полицајци. Можам да кажам дека доста разговаравме за тој предлог, рече Орешковиќ.

Тој додаде дека се разговарало и за улогата на Турција и НАТО во спречувањето или успорувањето на бегалскиот бран.

Во Брисел синоќа беше одржана работна вечера на лидерите на земјите од Западен Балкан, посветена на мигрантската криза, по која претседателот на Србија изјави дека решението не е во Белград, ниту во Загреб, туку во Брисел и додаде дека смета оти членките на Унијата ќе се воздржат од еднострани чекори.

Домаќини на вечерата, посветена на мигрантската криза беа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кои посебно го дочекале секој од лидерите на земјите од Западен Балкан.

На работната вечера, во пресрет на самитот на ЕУ, покрај Николиќ, учествуваа и премиерите на Словенија и Хрватска, Церар и Орешковиќ, претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и еврокомесарот Јоханес Хан и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски