Операција на турските безбедносни сили против ПКК во Дијарбекир

Од:

Турските власти денеска воведоа полициски час во 115 реони во округот Дијарбекир, во кој од утрово се спроведува „антитерористичка операција“ на безбедносните сили на Турција.

Како што соопштија окружните власти од Дијаберкир, полицискиот час стапил во сила утрово во 6 часот по локално време (4 часот по средноевропски време) на територија што ги опфаќа градовите Лиџе, Хани и Коџаќој и уште над 115 села.

Во соопштението се посочува дека операцијата се спроведува бидејќи постои сомнеж оти на тоа подрачје се наоѓаат високи раководители на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), кои „треба да бидат отстранети“.

– Во реонот ќе се спроведе операција за уништивање на засолништа и складишта што ги користат терорисите, како за одземање оружје, муниција и средства за комуникација на борците на ПКК, се додава во соопштението.

Ова е вторпат властите да воведат полициски час во Дијарбекир во последниве 15 дена. Претходно, полициски час во делови на Дијарбекир беше воведен на 14 февруари.

Акцијата против ПКК во Дијарбекир е најавена во време кога турската армија ја спроведува операцијата „Маслиново гранче“ во регионот на Африн во севрозападна Сирија, кој е под контрола на силите на сириските Курди.

Операцијата во Африн има за цел потиснување од реоните долж границата со Турција на борците на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои Анкара ги смета за огранок на ПКК во Сирија.

ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски