Ограбувале во Белгија, пленот го носеле во Албанија

Од:

Во соработка, албанската и белгиската полиција денеска разбија опасна криминална банда, која била активна во Белгија, чија специјалност била тешки кражби и разбојништва.

Акцијата била рализирана, во истовреме, во населбата „Дуда“ во северниот албански град Скадар, во која учествувале припадници на специјалната единица за брзи интервенции „Ренеа“ како и во и белгискиот Луевен.

Белгиската полиција уапсила 15 лица, од нив 13 Албанци меѓу нив и една жена, како и двајца белгиски државјани.

Нивните албански колеги, по наредба на судот, при контрола на неколку објекти во споменатата населба во Скадар, заплениле 150 илјади евра во готово, четири автомати, два пиштола и една пушка, 50  скапи часовници, златен накит, три луксузни автомобили и два мотора.

Членовите на оваа криминална банда ограбувале во Белгија, но украдената стока ја носеле во Албанија каде и ја продавале. Акцијата следела по двегодишна истрага.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек