Официјална Тирана го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција

Од:

Официјална Тирана го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција,оценувајќи го како нова страница за добрососедство.

– Во преубавата Преспа, која ги обединува трите народи и нашите соседни земји, граѓаните на двете земји, регионот, претставниците на Европската унија и Обединетите нации, станаа сведоци на нова страница за добрососедски односи и соработка во европски дух,-стои во соопштението на албанското министерство за надворешни работи.

Се наведува дека ова е време на големи решенија во целиот наш регион, врз основа на заедничката волја за конечно стабилизирање на просторот во кој се наоѓаме, со цел да стане нераскинлив дел од Европската унија.

Министерството за надворешни работи смета дека двете земји треба да ги реализираат сите чекори за стапување во сила на договорот.

– Ги охрабруваме двете земји да ги превземат сите чекори за стапување во сила на договорот. Овој договор е во служба на пријателството, напредокот и европската перспектива на двете земји и граѓаните на нашиот регион,- оценува албанското Министерство за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент