Оџалан упати порака во врска со мирното решавање на курдското прашање

Од:

Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан упати порака во врска со процесот за мирно решавање на курдското прашање. Пораката била предадена преку замениците-претседатели на парламентарната група на Партијата за мир и демократија Первид Булдан и Идрис Балукен, кои се сретнаа со лидерот на ПКК на островот Имрали, каде тој отслужува доживотна затворска казна.

Оџалан нагласи дека мировниот процес за решавање на курдскиот конфликт е од големо значење.

– Овој процес, кој го спроведуваме со големи напори, ја смири ситуацијата во општеството, големи потреси стивнаа, нагласил Оџалан и додал дека и натаму остануваат големи проблеми, кои треба да се решат.

Тој посочил дека писмено и усно ги доставил своите предлози до државата и оти го очекува нејзиниот став за почеток на содржински и длабоки преговори.

Оџалан предупредил дека преговорите мора да се продлабочат и оти тој процес не смее да се одложува.

Лидерот на курдските бунтовници повикал и за свикување на Демократски исламски конгрес во Дијарбекир, насочен против „предавниците на исламот, како што се формациите Ал Каеда и Ал Нусра“.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица