Српски „Телеграф“ ја објави долго чуваната тајна на Тито, неговиот извод од матична книга на венчани, од бракот со Јованка Броз, од кој може да се види дека постои голема разлика во годините помеѓу сопружниците и дека нивни кумови биле истакнатите комунисти Александар Ранковиќ и Иван Гошњак.
Меѓутоа она што е особено интересно е што историјата вели дека некогашниот маршал на СФРЈ, во минатото бил бравар, но овој извод од матичната книга на венчани зборува нешто друго, бидејќи редот каде што треба да се наведе неговата професија, е празен.
Е. Г.