Од рудникот во Ерменек извадени тела на уште тројца рудари

Од:

Од рудникот кај градот Ерменек во југоисточна Турција, беа извлечени тела на уште тројца рудари, кои заедно со 15 нивни колеги останаа заглавени во рударската јама на 28 октомври, јави агенцијата Анадолија.

Спасувачките тимови продолжуваат да трагаат по телата на уште двајца рудари, кои досега не се пронајдени.

Во следните денови ќе биде извршена ДНК анализа на трите новопронајдени тела, со цел да се утврди нивниот идентитет.

Вкупно 18 рудари останаа заглавени на 300 метри под површината на земјата, кога се поплави јамата во рудникот во Ерменек. За време на инцидентот во јамата имало 34 рудари, но само 16 од нив успеаја безбедно да излезат од под земја.

Во врска со оваа несреќа турските власти приведоа осум лица, кои се осомничени за занемарување на стандардите за безбедност при работа во рудниците. Според експертите, јамата се поплавила од вода која надошла од соседен затворен рудник, затоа што не биле преземени соодвенти мерки за заштита.

Според податоците на Меѓународната организаицја на трудот, Турција е на трето место во светот според смртноста на работните места.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски