Од денеска повторно сообраќа возот Белград-Солун

Од:

Меѓународниот патнички воз Белград – Солун од денеска повторно по три години прекин, повторно сообраќа, соопшти компанијата „Железнице Србије“.

Оваа линија беа прекината во февруари 2011 година по едностраната одлука на грчки железници.

Грчката железничка компанија Треносе кон крајот на минатиот месец објави дека од 10 мај го обвновува движењето на грчките патнички возови од Солун до Софија, Белград и Скопје.

„Железнице Србија“ во соработка со македонски железници и грчките железници одлучија возот Белград-Скопје-Солун-Белград да сообраќа секој ден од железничката станица во Белград во 18:45 часот, а од Солун во 15:52 часот.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада