Од Албанија лани се иселиле 50.000 нејзини граѓани

Од:

Албанија лани ја напуштиле 50.000 нејзинин граѓани кои заминале во земјите од ЕУ, покажуваат податоците на Албанскиот институт за статистика ИНСТАТ.

Како што јави дописникот на МИА, оваа бројка потсетува на масовниот егзодус на албанските граѓани по падот на комунизмот во почетокот на деведестите години од минатиот век.

Во изјавите на што оние кои ја напуштиле земјата дадени во Центрите за прием на баратели на азил во земјите на ЕУ, 72 отсто рекле дека невработеноста е главната причина за напуштањето на Албанија.

Масовното напуштање на земјата продлжува и во првиот квартал од годинава, кога само во Германија за азил аплицирале над 7.000 албански државјани.

Поради ваквата ситуација, новиот директор на албанската полиција Хаки Чако стравува дека на Албанија може да и биде вратен визниот режим, па затоа вовде засилени контроли на граничните премини, аеродромите и пристаништата.

Во рамкиите на овие контроли за период од десеттина дена на околу 1.200 албански граѓани им е забранет излез од земјата при обидот да патуваат кон некоја од државите на ЕУ.

Главно станува збор за лица кои не знаеле да кажат за која цел патуваат, додека поголемиот број од нив не ја поседувале предвидената сума на пари, како и потребените документи за тоа каде треба да престојуваат.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент