Обвинителството го затвори случајот-Подарената икона на Лавров сепак не била украдена од Украина

Од:

Обвинителството на БиХ донесе одлука да не води истрага за случајот „Икона“ во врска со иконата што Милорад Додик му ја подари на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во декември 2020 година.

Обвинителството утврдило дека не се пронајдени докази кои би укажувале дека наведеното уметничко дело е незаконски преместено, украдено од територијата на Украина и дека има исклучителна уметничка вредност.

– Обвинителството на Босна и Херцеговина донесе одлука да не спроведе истрага откако доби одговор од Генералното обвинителство на Украина, во кој се наведува дека споменатата икона не е во Државниот регистар на национално културно наследство, и дека нема докази кои укажуваат дека споменатото уметничко дело е незаконски преместено, украдено од територијата на Украина и дека има исклучителна уметничка вредност, ниту дека припаѓа на националното културно наследство на Украина и дека е национална вредност, по со што истражителите во Украина ја затвориле споменатата постапка – потврдија од оваа судска институција.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик: Вучиќ ја има мнозинската поддршка од граѓаните во Република Српска

Почнува судењето на Додик, неговите поддржувачи ја опколија судската зграда

Авионот на Сергеј Лавров има дозвола да прелета над Бугарија

Предраг Петровиќ

МНР ќе одлучува за доаѓањето на Лавров на самитот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски