Обрадовиќ: Договорот за премините не подигнува граници

Од:

Српскиот министерот за образование и наука Жарко Обрадовиќ смета дека со примената на Бриселските договори, Косово не оди длабоко кон независност ниту пак, на адмнистративните премини се подигнуваат граници.

 – Додека таму има цивилна управа, и додека е на сила Резолуцијата 1244 Србија ќе има правен суверенитет врз својата јужна покраина, изјави Обрадовиќ во интервју за Вечерње новости.

Тој вели дека со потврда на договорите со Приштина се создадени шанси за продолжување на дијалогот и пронаоѓаање трајно решение што ќе овозможи подобар живот на сите граѓани на Косово.

– Ако не сме на преговарачка маса, ја дисквалификуваме секоја шанса да му помогнеме на нашиот народ во покраината. Со продолжување на разговорите, им даваме поттик на оние држави кои не го признаа Косово во тоа да истраат. И пријателските држави кои навистина ја сакаат Србија во ЕУ од нас очекуваат да се применат постигнатите договори, бидејќи прифатените државни обврски мора да се исполнат независно од промената на власта, рече Обрадовиќ.

На прашање дали за неповолните одлуки во преговорите многумина би можеле да го обвинат само премиерот Дачиќ, тој рече дека во политиката секогаш постои таква можност.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија