Обама и Ердоган телефонски разговарале за нападот во Суруч

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган телефонски разговарале за нападот во Суруч.

Според соопштението на прес-службата на Ердоган Барак Обама го осудил нападот и изразил сочувство за жртвите во самоубиствениот бомбашки напад, извршен од групата Исламска држава во Суруч, во кој загинаа најмалку 32 лица.

Обама, исто така, го осуди и убиството на двајца турски полицајци, за што презема одговорност забранетата Курдска работничка партија ПКК.

Двајцата лидери разговарале за потребата од зајакнување на соработката во борбата против ИД, потребата да биде обезбедена стабилност на Ирак и да биде најдено политичко решение на војната во Сирија, се посочува во соопштението.

Дел од разговорот меѓу двајцата претседатели бил посветен на зајакнување на соработката по иницијативите за зајакнување на безбедноста на турско-сириска граница, со цел да се спречи влегување на терористи.

Барак Обама специјално нагласил дека САД даваат големо значење на националната безбедност на Турција. Двајцата лидери, исто така, изразиле увереност дека ќе продолжат и во иднина да бидат во блиска соработка за проблемите во регионот.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас