О’Брајан: Го повикуваме Курти и неговата влада да прекинат со некоординираните акции

Од:

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан побара од премиерот на Косово, Албин Курти да престане со некоординираните и провокативни акции.

„Како што е јасно во соопштението на американската амбасада во Косово, САД се загрижени поради продолжувањето на некоординираните и провокативни дејствија на Владата на Косово. Ја цениме работата на оние, вклучително и ЕУЛЕКС и КФОР, кои спречуваат насилство и повикуваат за континуирана воздржаност од сите инволвирани и засегнати. Го повикувам премиерот Курти и неговата влада да се консултираат и да се координираат со меѓународната заедница и да прекинат со некоординираните акции кои негативно влијаат на нашето партнерство“, напиша О’Брајан на социјалната мрежа „Икс“.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски