Новиот поглавар на СПЦ Хризостом примен во болница со Ковид-19, откако денеска служел литургија

Од:

Mитрополитот дабробосански на Српската православна црква, Хризостом, кој до избор на нов патријарх е вршител на должноста поглавар на СПЦ, денеска бил примен во белградска болница, откако било утврдено дека е заразен со коронавирусот, соопшти Црквата.

Во соопштението на СПЦ не се откриваат детали за здравствената состојба на митрополитот, кој претходно денес служел литургија за празникот Воведение на Пресвета Богородица во патријаршијата во Пеќ на Косово, престолот на српските патријарси.

Митрополитот ја водеше и церемонијата за покојниот патријарх Иринеј во храмот Свети Сава во Белград.

Хризостом дојде на чело на СПЦ по смртта на патријархот Иринеј, кој почина минатиот месец на 90-годишна возраст од компликации на Ковид-19. Тој се зарази на погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије, кој, исто така, почина по инфекција со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он