Нови протести во Анкара и Истанбул

Од:

Судири меѓу демонстранти кои протестираат заради трагичниот ицидент во рудникот крај градот Сома и полицијата, беа регистрирани во Истанбул и Анкара, јавија турски медиуми.

Полицијата употреби солзавец, водени топови и гумени куршуми за да ги растера демонстрантите кои синоќа се собраа на истанбулскиот плоштад Истиклјал. Приведени се 34 демонстранти, соопшти полицијата.

Протестот беше организиран од движењето Солидарност за Таксим – група која почна еко-протести против сечењето во истанбулскио парк Гези во крајот на мај лани и кои преминаа во антивладини демонстрации во целата држава.

Десет луѓе беа приведени синоќа и при протести заради трагедијата во Сома и во Анкара. Во трагичниот инцидент во рудникот крај Сома, во западна Турција загинаа 301 работник.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски