„Њујорк Тајмс“ ја преиспитува подготвеноста на Хрватска за во ЕУ

Од:

Според тоа како Хрватска ќе се покаже во Европската унија, во која е примена на 1 јули, многу зависи дали нејзините балкански соседи ќе добијат шанса да се докажуваат во истото дрштво, пишува „Њујорк тајмс“.

Угледниот дневен весник по повод промовирањето на Хрватска за 28 член на Унијата прашува дали таа земја е примена прерано, дали е подготвена и дали и натаму е премногу корумпирана. Весникот потсетува дека во 2007 година во ЕУ се придружија Бугарија и Ромнија, а во ЕУ набрзо сфатија дека овие две земји не биле подготвени за членство.

Официјални Софија и Букурешт до сега не ги решија проблемите поради кои нивното членство беше доведено во прашање, како што е корупцијата, слабата економија и политичката нестабилност.

Доколку се покаже дека Загреб навистина бил грешка, тогаш останатите балкански земји ќе мораат многу подолго да ја чекаат својата шанса.

„Њујорк Тајмс“ оценува дека хрватската економија е неподготвена за конкурецијата во ЕУ, дека државата е корумпирана и притисната од голем број неспособни бирократи.

Во Хрватска сапката на невработеност е 20 отсто, а земјата со години е во рецесија. Според податоците на организацијата Транспаренс интернешнел Хрватска е на 62 место меѓу 176 земји рангирани според ефикасноста на борбата против корупција.

Останува да се види што Хрватска ќе направи со 14 милијарди евра помош, колку што би можело да добие во 2014 до 2020 година.

Доколку тие пари завршат на сомнителни сметки или бидат префрлени во сефовите во даночите раеви, тоа се лоши вести за остатокот од Балканот, оценува весникот.

Многу европски функционери оценија дека неуспехот на Хрватска најверојатно ќе ја затвори на ЕУ за останатите земји од Балканот, но и истакнуваат дека успехот на Загреб би поттикнал понатамошно ширење.

– Важно е не само да продолжи политиката на проширување, туку и да се зајакне кредибилитетот на оваа политика, изјави неодамна еврокомесарот за прошиување Штефан Филе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски