Нивото на Дунав расте во близина на границата на Унгарија со Србија

Од:

Нивото на Дунав денеска продолжи да расте во подрачјата јужно од Будимпешта поради што над илјада унгарски војници се распоредени од север на југ заради спроведување заштитни мерки, а унгарскиот министер за одбрана најави дека ќе понуди помош на Србија.

Во близина на границата со Србија нивото на водата утрово се зголеми на 9.67 метри во градот Баја и 9.21 метар во Мохач.

Унгарскиот министер за одбрана Чаба Хенде рече дека унгарската Влада ќе понуди околу 1.000 свои војници за помош во заштита од поплави на својот јужен сосед Србија.

Нивото на водата во селото Тас во раните утрински часови изнесуваше 9.08 метри и 8.89 метри во Пакша, соопшти директоратот за води на унгарското Министерство за внатрешни работи.

Премиерот Виктор Орбан изјави дека Владата денеска ќе започне проценка на штетите од поплавите и оти ќе направи план за расчистување на по поплавите.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани