Никос Анастасиадис избран за претседател на Кипар

Од:

Десничарскиот кандидат Никос Анастасиадис со 57,48 проценти од гласовите победи во вториот круг од претседателските избори на Кипар.

Разултатите објавени на интренет-страницата на кипарското Министерство за внатрешни работи покажуваат дека левичарот Ставрос Малас освоил 42,51 отсто од гласовите. Тоа е една од најголемите разлики во последните 30 години.

Анастасиадис го поддржува брзото склучување на договор со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за да се избегне заканата од банкрот на земјата. Кипар во јуни 2012 година почна преговори со ММФ, ЕУ и Европската централна банка за добивање финансиска помош, која според првичните оценки изнесува околу 17 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар