Николиќ против санкции за Русија

Од:

Србија ни случајно не треба да се приклучи кон санкциите за Русија, зашто таквиот потег би бил погубен за земјата, изјави председателот на Србија, Томислав Николиќ. Тој за Информер рече дека нема намера да се меша во надлежностите на Владата, но смета дека Србија не треба да се приклучува со санкции кон никого, па ни кон Русија.

Според неговите зборови, евентуалниот судир со Русија би бил најлошиот можен пат за Србија.

-Воведувањето санкции кон Русија би имало негативни последици, како што е останувањето без поддршка во Советот за безбедност на ОН и уривање на братските односи на двата народи, за кои се бореа нашите претци, предупреди Николиќ.

Со тоа би се загрозиле внатрешната стабилност и мирот, напомена Николиќ, а економската штета би била стотици милиони евра на годишнпо ниво, рече тој.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија