Николиќ: Признавањето на Косово не е услов

Од:

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, изјавил дека отпочнувањето на преговорите на Србија за членство во ЕУ не е условено со признавање на независноста на Косово.

– Европската унија има пет држави кои не го признале Косово. Тогаш една земја може да стане членка иако не ја признала незвисноста на Косово и Метохија, изјавил Николиќ за хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Според него, Србија била успешна во искажувањето на ставот дека самопрогласената независност на Косово не може да се признае. Но, државата може да учествува на разговори со институциите од Приштина со цел нормализирање на животот на граѓаните и создавањето демократски инситуции.

– Доколку народот посака да го смениме Уставот и да донесе одлука , тогаш јас ќе се согласам со она што ќе одлучи народот, или доколку некој не се согласува ќе останам на страна и ќе го ослободам патот на оние кои се во состојба да ја раководат Србија во такви услови, рекол Николиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија